• сабота, 23 ноември 2024

Во Италија 71 самоубиство поврзано со пандемијата

Во Италија 71 самоубиство поврзано со пандемијата
Рим, 7 септември 2020 (МИА) – Пандемијата има големо влијание врз менталното здравје, а од март до денеска, 71 самоубиство и 46 обиди за самоубиство во Италија се поврзани со кризата предизвикана од Ковид-19, пишува италијанскиот весник Република. Покрај последиците од финансиската криза, мерките за социјално дистанцирање и изолација доведоа и до влошување на психолошките проблеми, се вели во написот објавен по повод претстојниот Светски ден за спречување на самоубиство – 10 септември. Како што е наведено, постојат неколку фактори на ризик од самоубиство, а зголемувањето на бројот на самоубиства и обиди за самоубиство за време на блокадата поради пандемијата може да се објасни и со прекинување на посетите на клиниките за психолошка или психијатриска терапија. - Депресијата е водечка причина за инвалидитет, бројот на депресивни лица расте во последните децении, па дури а уште повеќе како резултат на пандемијата и нејзините последици, изјави Клаудио Менкачи, раководител на Одделот за ментално здравје во болницата Фатебенефратели во Милано. Италија е прва европска земја која на почетокот на март воведе строги мерки за карантин на целата територија, и излезе од блокадата со постепено олеснување на рестриктивните мерки по речиси три месеци. јт/

Остани поврзан