• четврток, 04 јули 2024

Во Италија 56 лица се под истрага за договорени бракови

Во Италија 56 лица се под истрага за договорени бракови
Џенова, 24 јули 2020 (МИА) – Во Италија 56 лица се под истрага за договорени бракови на италијански државјани со странци од земји кои не се членки на ЕУ со цел да добијат дозвола за престој. Истрагата на италијанската финансиска гарда и јавниот обвинител во Ливорно, во Тоскана, опфатила 24 свадби во Ливорно и една во општината во местото Розињано Маритимо. Секој договорен брак бил платен меѓу 6.000 и 8.000 евра, јавуваат италијанските медиуми. Сумата што ја плаќале државјани кои не се членки на ЕУ се делела меѓу сопружниците со италијанско потекло, меѓу кои имало 15 мажи и девет жени од Ливорно, 55-годишен маж од Доминиканската Република, кој бил „агент за венчавки“ и други кои во неколку наврати соработувале во организирањето на свадбите. На повеќето странци им била дадена дозвола за престој врз основа на овие бракови, а 15 се од Доминиканската Република, додека останатите се од Перу, Нигерија, Мароко, Тунис, Куба и Сенегал. јт/

Остани поврзан