• понеделник, 23 декември 2024

Во Италија уапсени девет лица поврзани со Камора

Во Италија уапсени девет лица поврзани со Камора
Џенова, 5 мај 2020 (МИА) - Италијанската полиција уапсила девет лица во близина на градот Казерта во јужна Италија кои се осомничени за трговија со дрога и оружје, како и изнуда за наполитанската мафија Камора. Делата се извршени воглавно во населбата Мадалони од 2017 до 2019, а полицијата, како што соопшти, се пресретнување и претреси „ја реконструирала динамиката на кланот Белфорте“ кој во текот на две години за загрозил локалната економија во различни производствени сектори, почнувајќи од градежништво. Парламентарната комисија за борба против мафијата ја поздрави акцијата на италијанската полиција наведувајќи дека апсењата покажуваат дека борбата на државата против организираниот криминал не престанува дури ни во вонредната состојба предизвикана од новиот коронавирус. јт/

Остани поврзан