• недела, 22 декември 2024

Во Италија опаѓа бројот на починати и заразени од коронавирус

Во Италија опаѓа бројот на починати и заразени од коронавирус
Рим, 12 април 2020 (МИА) - Во Италија денеска починаа 431 лице како последица на вирусот Ковид-19, што е најмал број во еден ден од 19 март. Како што пренесуваат светските агенции, тоа е значителен пад во однос на претходниот ден кога починаа 619 лица. Регистрирани се 4.092 новозаразени случаи, што исто така е пад за околу 600 во однос на вчера. Во Италија од почетокот на епидемијата од 21 февруари починаа вкупно 19.899 лица, а бројот на заразени достигна 156.363 лица. Бројот на пациенти на интензивна нега исто така опаѓа веќе деветти ден по ред и изнесува 3.343. паг/  

Остани поврзан