• петок, 22 ноември 2024

Во Италија има 24 жаришта на свински грип 

Во Италија има 24 жаришта на свински грип 

Рим, 2 септември 2024 (МИА) - Во моментов во Италија има 24 жаришта на свински грип и оваа сложена ситуација бара крајна внимателност, изјави денеска комесарот за африканска свинска чума, Џовани Филипини.

-Во моментов имаме 18 жаришта во Ломбардија, пет во Пиемонт и едно во Емилија-Ромања. Мораме да бидеме внимателни. Ситуацијата е сложена, но да се нарече драматично би било претерување. Тоа е ситуација поврзана со бран на епидемија, изјави комесарот Филипини за АНСА.

Филипни додаде дека „е јасно дека постои голема загриженост кај земјоделските здруженија“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан