Во италијанскиот град Месина уапсени се 112 лица поради трговија со дрога
- Полицијата во градот Месина во јужна Италија уапси 112 лица осомничени за шверц на дрога и други кривични дела во голема акција спроведена во Сицилија, Калабрија и Ломбардија.
Палермо, 25 јуни 2024 (МИА) - Полицијата во градот Месина во јужна Италија уапси 112 лица осомничени за шверц на дрога и други кривични дела во голема акција спроведена во Сицилија, Калабрија и Ломбардија.
Судот во Месина задржа 85 уапсени во притвор, а 27 се пуштени во домашен притвор, а се осомничени за здружување со цел лишување од слобода, трговија, одгледување и продавање наркотици, перење пари, недозволено носење оружје, изнуда и други кривични дела, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Уапсените се осомничени и дека се поврзани со криминални структури во Калабрија, Ломбардија, Сицилија, како и во странство. рп/
Фото: МИА архива