• вторник, 16 јули 2024

Во Истанбул ќе бидат извлечени групите за Лигата на шампионите

Во Истанбул ќе бидат извлечени групите за Лигата на шампионите
Истанбул, 26 август 2021 (МИА) – По добивањето на последните три учесници во Лигата на шампионите (Шериф, Салцбург и Шахтјор), денес од 18 часот во Истанбул ќе биде извршена ждрепката за групната фаза. Најмногу учесници во сезоната 2021/22 во елитното фудбалско натпреварување ќе има Шпанија – пет, Англија, Италија и Германија ќе имаат по четири екипи. Учесници во групната фаза во ЛШ: Англија: Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челзи. Шпанија: Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Барселона, Севиља, Виљареал. Италија: Интер, Милан, Аталанта, Јувентус. Германија: Баерн Минхен, Лајпциг, Борусија Дортмунд, Волфсбург. Франција: Лил, ПСЖ. Португалија: Спортинг, Порто, Бенфика. Русија: Зенит. Белгија: Клуб Бриж. Украина: Динамо Киев, Шахтјор. Холандија: Ајакс. Турција: Бешикташ. Швајцарија: Јанг Бојс. Шведска: Малме. Молдавија: Шериф. Австрија: Салцбург. Ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи. Најдобрите две ќе изборат пласман во следната фаза, а третопласираните ќе продолжат во Лига Европа. зс/

Остани поврзан