• сабота, 23 ноември 2024

Во Иран 834 егзекуции минатата година

Во Иран 834 егзекуции минатата година

Техеран, 5 март 2024 (МИА) - Најмалку 834 луѓе биле егзекутирани во текот на 2023 година во Иран, според годишниот извештај на Иран за човекови права.

Ова е зголемување од дури 43 проценти во однос на 582-те егзекуции во 2022 година.

Властите официјално потврдија дека минатата година биле егзекутирани 125 лица. Според тоа, властите не потврдиле 85 отсто, односно 709 егзекуции.

Најмалку 471 лице беа егзекутирани под обвиненија поврзани со дрога, а најмалку 282 поради обвиненија за убиство.

Според податоците на веб-страницата, во 2024 година досега имало 83 егзекуции, меѓу егзекутираните имало и две жени. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан