• недела, 17 ноември 2024

Во Ирак тројца министри поднесоа оставки по смената на претседателот на парламентот

Во Ирак тројца министри поднесоа оставки по смената на претседателот на парламентот

Багдад, 14 ноември 2023 (МИА) – Тројца ирачки министри вечерва поднесоа оставки во знак на протест откако Врховниот суд го разреши претседателот на парламентот.

Министрите за култура, планирање и индустрија сметаат дека имало „флагрантно кршење на Уставот“ во пресудата на највисокиот ирачки судски орган, со која Мохамед ал Халбуси беше сменет од функцијата претседател на Парламентот.

Пресудата на највисокото судско тело, која не може да се оспори, доаѓа по жалба на пратеник поради „фалсификување“ на документ. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан