• четврток, 26 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Индонезија 33 ковид пациенти починале поради недостиг на кислород

Во Индонезија 33 ковид пациенти починале поради недостиг на кислород
Џакарта, 4 јули 2021 (МИА) - Најмалку 33 ковид пациенти починаа во болница на индонезискиот остров Јава, поради недостиг на кислород, соопшти денеска болницата. - Пациентите со сериозна клиничка слика починаа затоа што немаше доволно кислород во главната болница во градот Џакарта, поради доцнење на испораката викендов, изјави портпаролот на болницата, Бану Хермаван. Тој додаде дека кислородот брзо се троши затоа што се повеќе заразени со коронавирусот доаѓаат во болница во лоша состојба. Од вчера во таа болница починале најмалку 63 пациенти. Попладнево во болницата беа доставени 15 тони течен медицински кислород.
Болничкиот систем во Индонезија е преоптоварен поради наглото зголемување на бројот на заболени од коронавирусот. паг/

Остани поврзан