• понеделник, 23 декември 2024

Во Индија железнички вагони ќе се користат за изолација на заразени со коронавирус

Во Индија железнички вагони ќе се користат за изолација на заразени со коронавирус
Њу Делхи, 28 март 2020 (МИА) - Во Индија некои железнички вагони ќе бидат адаптирани во изолациски единици за пациенти заразени со коронавирус, во период кога властите во оваа земја се подготвуваат за пораст на бројот на заразени. Индиската железница денеска соопшти дека еден вагон е претворен во карантин кој ќе биде користен. Планот е секоја недела по десет вагони да се претвораат во единици за изолација на пациентите заразени со коронавирусот. Се уште не е познато по колку лица ќе бидат сместени во вагоните. Во Индија се прекинати железничките линии, поради што голем број работници кои патуваат од селата во градовите со воз останаа без работа. паг/

Остани поврзан