• петок, 22 ноември 2024

Во Израел откриен досега непознат сој на коронавирусот

Во Израел откриен досега непознат сој на коронавирусот
Тел Авив, 16 март 2022 (МИА) - Министерството за здравство на Израел денеска објави дека во земјата се откриени два случаи на зараза  со досега непознат сој на коронавирусот. Новиот сој е комбинација на доминантната омикрон подсој БA.1 и друг подсој БA.2, кој предизвикува благи симптоми, без покачена телесна температура, со болки во мускулите и главоболки и не бара посебен третман. Според израелското Министерство за здравство, овој сој сè  уште не е познат во светот, а откриен е со ПЦР тестирање на патниците на меѓународниот аеродром Бен Гурион, Тел Авив. Од почетокот на пандемијата во Израел починале 10.401 лице. ми/

Остани поврзан