• понеделник, 23 декември 2024

Во Израел за еден ден регистрирани 11.000 новозаразени со Ковид-19

Во Израел за еден ден регистрирани 11.000 новозаразени со Ковид-19
Ерусалим, 31 август 2021 (МИА) - Во Израел во изминатите 24 часа регистрирани се речиси рекордни 11.000 новозаразени лица, соопшти денеска Министерството за здравство. Бројот на новозаразените е зголемен непосредно пред почетокот на новата учебна година. Во последниве недели, бројот на нови случаи во земјата не престанува да расте - поради ширењето на сојот делта. - Вчера беа пријавени повеќе од 9.000 нови случаи, а денеска - 10.947. Ова го надминува рекордот од 18 јануари - 10.118 нови случаи, соопшти Министерството. Премиерот Нафтали Бенет изјави дека вработените во училиштата кои одбиваат да се вакцинираат ќе мора да се тестираат двапати неделно. Во Израел, околу 5,5 милиони луѓе се вакцинирани во две дози односно 60 проценти од вкупното население. ми/

Остани поврзан