• петок, 22 ноември 2024

Во израелските напади на југот на Либан загинаа две деца и борец на Хезболах

Во израелските напади на југот на Либан загинаа две деца и борец на Хезболах

 Бејрут, 17 мај 2024 (МИА) - Две сириски деца и еден борец на либанскиот исламистички Хезболах загинаа денеска во израелски напади врз две цели во јужен Либан, јавија државните медиуми.

Нападите уследија по засилените удари на Хезболах врз Израел во последните денови, во кои новото оружје беше употребено за првпат по нешто повеќе од седум месеци војна на Блискиот Исток.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, Хезболах ја напаѓа северната израелска територија како поддршка на палестинската исламистичка организација, додека израелската војска одговори и со прекугранични напади и со удари длабоко во либанската територија.

Либанската национална новинска агенција објави дека израелските сили денеска нападнале две цели на околу 30 километри од границата и дека две сириски деца биле убиени во селото Наџарија, додека Хезболах ја потврдил смртта на својот борец.

Израелската војска соопшти дека цел и била „терористичката инфраструктура“ во областа Наџарија, која ја користи мрежата за воздушна одбрана на Хезболах. паг/

Фото: МИА архива
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан