Во изминатото деноноќие произведени 14.090 мегават часови електрична енергија
- АД ЕСМ вчера произведe 14.090 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата.
Скопје, 28 март 2023 (МИА) - АД ЕСМ вчера произведe 14.090 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата.
Од вкупно произведената електрична енергија, во термоелектраните произведени се 8.772 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.318 мегават часови. дма/ац/
Фото: Влада на РСМ