• понеделник, 23 декември 2024

Во Избирачкиот список за Центар Жупа увид извршиле само 19 граѓани

Во Избирачкиот список за Центар Жупа увид извршиле само 19 граѓани
Дебар, 14 март 2022 (МИА) – Во канцеларијата на Државната изборна комисија во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, од 19 февруари до 10 март на јавен увид беше Избирачкиот список за општина Центар Жупа, каде на 17 април ќе се избира градоначалник. Како што потврдуваат од канцеларијата, увид во избирачкиот список во определениот рок за тоа извршиле само 19 лица. Од таму потврдуваат дека во определениот рок за тоа не е поднесена ниту една независна кандидатура, додека неофицијално се дознава дека има две кандидатури поднесени од политички партии, но нема конечна одлука. Право на глас во оваа печалбарска општина на изборите во октомври минатата година имаа 7 317 а правото го оствариле 25,77 отсто. Изборот за градоначалник се повторува бидејќи не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 1/3 од вкупно запишаните гласачи. Со одлука на Владата на Северна Македонија на 14 ноември актуелниот градоначалник Аријан Ибраим беше наименуван за повереник за надлежностите на градоначалник за оваа општина. вт/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан