• петок, 05 декември 2025

Во Зимбаве уапсена новинарка поради критики кон претседателот Мнангагва

Во Зимбаве уапсена новинарка поради критики кон претседателот Мнангагва

Хараре, 2 јули 2025 (МИА) – Главната уредничка на „Зимбабве Индипендент“ Фатих Заба е уапсена бидејќи го критикувала претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва.

Заба (55) е обвинета за објавување на текст со наслов „Кога ќе станете мафијашка држава“, во кој го критикува Мнангагва..

- Содржината на статијата содржи материјални грешки и е наменета да поттикне непријателство кон претседателот меѓу граѓаните на Зимбабве, истакна судијата во Хараре.

Судот наложи притвор за Заба до утре кога ќе се одлучува за нејзино ослободување со кауција.

Синдикатот на новинари на Зимбабве соопшти дека е „длабоко загрижен за криминализацијата на новинарството“ и повика на итно и безусловно ослободување на Заба.

Сатиричните коментари, без оглед дали се критички или хумористични, заштитени се со слободата на изразување и не треба да се криминализираат, се посочува во соопштението на Синдикатот.

Сличен повик упати и Медиумската асоцијација на Зимбабве, посочувајќи оти апсењето покажува растечко непочитување на слободата на медиуми.

Во Зимбабве новинар повеќе од 70 дена во притвор под обвинение дека поттикнувал насилство со тоа што интервјуирал политички противник на 82-годишен претседател, кој побарал оставка од Мнангагва.

Зимбабве е рангирана на 106-то место од 180 земји на Индексот за слобода на печатот на Репортери без граници. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан