• петок, 22 ноември 2024

Во Зимбабве најмалку 40 рудари заробени при уривање на рудник

Во Зимбабве најмалку 40 рудари заробени при уривање на рудник
Хараре, 26 ноември 2020 (МИА) - Најмалку 40 рудари останаа заробени во рудник за злато што се урна во Зимбабве, соопшти денеска Федерацијата на рударите во земјата. Несреќата се случила во средата навечер во градот Биндура, околу 70 километри северно од Хараре, се наведува во соопштението. „Рударите биле во рудникот „Ран Голд“ кога се урнал рудникот“, соопшти Федерацијата, додавајќи дека шестмина рудари биле извлечени од урнатините и пренесени во болница. Тие кои беа извлечени изјавиле дека во рудникот имало околу 40 лица за време на несреќата. Од Федерацијата додаваат дека во тек е акција за спасување. Неколку стотици луѓе и членови на семејствата на рударите се на местото на настанот. Во Зимбабве, земја богата со злато, платина, дијаманти, јаглен и бакар, рударските несреќи се чести. Многу граѓани, поради големата невработеност, работат во рудници или нелегално влегуваат во рудниците чија експлоатација е во тек. паг/  

Остани поврзан