• сабота, 23 ноември 2024

Во Естонија на сила построги мерки до 11 април

Во Естонија на сила построги мерки до 11 април
Талин, 9 март 2021 (МИА) - Владата на Естонија, со цел да се запре ширењето на Ковид-19, забрани собири на повеќе од две лица, ги затвори сите продавници освен прехранбените и им дозволи на рестораните да обезбедуваат само услуги за насоње или испорака. Основните училишта преминуваат на онлајн настава, како и средношколците кои учат од своите домови од почетокот на март, пишува „Гардијан“. Оваа балтичка земја со 1,3 милиони жители се бори со втората највисока стапка на инфекција по глава на жител во Европската унија, по Чешка. Властите соопштија дека во последните две недели биле регистрирани 1.336 случаи на 100.000 жители, двојно повеќе од пред еден месец. Новите мерки ќе бидат на сила до 11 април. Најновите податоци покажуваат дека во Естонија поагресивната варијанта на британскиот вирус се шири побрзо отколку што се очекувало. - Нашиот здравствен систем е во криза, рече премиерот Каја Калас, додавајќи дека тоа е единствениот начин за справување со кризата. паг/  

Остани поврзан