• понеделник, 23 декември 2024

Во Дојран се одржува Камп за претприемништво и иновации за млади

Во Дојран се одржува Камп за претприемништво и иновации за млади
Дојран, 28 септември 2022 (МИА) - Во Дојран се одржува Камп за претприемништво и иновации за млади во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Учествуваат 19 млади луѓе, идни потенцијални претприемачи, кои под менторство на докажани и реномирани професори, претприемачи и експерти ќе ги подобруваат своите претприемачки вештини и ќе стекнуваат нови знаења и искуства. Како што инфомираат од Центарот за развој на Југоистокот, запознавање со основите на претприемништво, важноста на деловната комуникација и бизнис планот се дел од темите кои се разработуваат преку интерактивни предавања, работа во парови и групи, најразлични игри и вежби преку кои учесниците ќе можат да развијат специфични вештини кои се неопходни за основање сопствен бизнис. -Учесниците преку овој камп ќе можат да се вмрежуват и да запознаат други талентирани млади луѓе од регионот, а сето тоа преку организирање и одржување на забавни и мотивирачки содржини и активности, велат од Центарот. Под мотото „Никогаш не престанувај да креираш“, Филип Чаловски, познат менаџер по гастрономија и сопственик на успешен бизнис, им го пренесе своето искуство во областа на претприемништвото, со цел учесниците да се изградат во сопствени брендови, да креираат и да творат и со тоа да остават свој печат и бенефит за целото општество. Во наредните денови од Кампот, учесниците поинтензивно ќе работат во групи на разработка на своите деловни идеи преку подготовка на Бизнис планови и на крај нивно презентирање. Кампот за претприемништво и иновации за млади ќе трае до 2 октомври, а е организиран во рамките на проектот „Бизнис екосистем како интегриран систем“, финансиран од Европска Унија и Националните Фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Северна Македонија, 2014-2020 година.рт/

Остани поврзан