• понеделник, 23 декември 2024

Во Делчево 18 невработени со ниски квалификации опфатени со мерката Јавни работи

Во Делчево 18 невработени со ниски квалификации опфатени со мерката Јавни работи

Делчево, 17 октомври 2024 (МИА) - Општина Делчево од денеска почна со  реализација на мерката Јавни работи, која е дел од Оперативниот план. Со оваа мерка се опфатени 18 невработени лица од евиденцијата на АВРСМ со ниски квалификации.

-Во рамки на Програмата за извршување на јавни работи 2024 година чија цел е да се подобри квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат на територијата на Општина Делчево  преку   ангажирање   на   невработени   лица   од   социјален   ризик   и   ниски квалификации во проекти од   инфраструктурата и заштитата на животната средина на локално   ниво, почна   со   реализација мерката - јавни   работи   од Оперативниот план, информираа од Општина Делчево.

Мерката, како што додадоа оттаму, ќе се спроведува до крајот на ноември 2024 година.

-Дел од активностите кои ќе се реализираат во рамки на оваа мерка се обновување и бојадисување на дел од урбаната опрема која е поставена во централното градско подрачје, изградба на тоалети на планината Голак, како и вградување на бекатон плочки во село Габрово, додадоа од Општина Делчево.

Исплата ќе се врши од Буџетот на АВРСМ и кофинансирање во износ од 20 отсто од Буџетот на Општина Делчево. вс/мд/


Фото: Општина Делчево 
 

Остани поврзан