Во Делчево реализирани активности по повод Неделата на имунизација
- Во Делчево се реализирани активности по повод Неделата на имунизација. Активностите ги спроведе екипа на медицински работници од здравствен дом „Гоце Делчев“ Делчево кои во Градскиот парк на најмалите и нивните наставници им поделија флаери со едукативна за редовната вакцинација. Педијатар д-р Љупка Стефановска - Калаџиска изрази благодарност до општествено одговорните фирми кои се вклучија за успешно одбележување на Неделата на имунизација.

Делчево, 2 мај 2025 (МИА) - Во Делчево се реализирани активности по повод Неделата на имунизација. Активностите ги спроведе екипа на медицински работници од здравствен дом „Гоце Делчев“ Делчево кои во Градскиот парк на најмалите и нивните наставници им поделија флаери со едукативна за редовната вакцинација. Педијатар д-р Љупка Стефановска - Калаџиска изрази благодарност до општествено одговорните фирми кои се вклучија за успешно одбележување на Неделата на имунизација.
-Ние денеска овде во градскиот парк Неделата на имунизација ја одбележуваме преку делење флаери, календари за редовна и таканаречената „кечап“ имунизација коаја ни овозможува да ги надополниме оние пропуштени дози на вакцини, како и кратка брошура која ги опишува сите болести кои што се вакцино превентабилни и е дадено осверт кон нив. Оваа прилика ја користам да изрзазам благодарност до општествено одговорните компании како Брегал кои помогнаа да се реализира активноста, истакна Стефановска Калаџиска.
Во рамки на одбележувањето на неделата за имунизација ќе се реализра теренска посета и вакцинација на невакцинирани лица во Делчево и околните села.
-Ние ги посетуваме домовите преку активноста „од врата до врата“ бараме невакцинирани лица и евентуално аплицираме за вакцини на лица кои не се дојдени во нашиот здравствен дом. Јас сакам само да потенцирам дека детското здравје е бесценето и за децата да израснат со љубов и во здрави индивидуи, потребно е да ги вакцинираме и со тоа да спречиме да се појават болести кои веќе се заборавени во историјата и воедно да не дозволиме да ни падне процентот на имунизација. Исто така со вакцинирање на најмалите ги штитиме и повозрасните преку создавање на еден колективен имунитет кој е потребен да не се врата болестите, додаде Стефановска - Калаџиска.
Во календарот на имунизација од оваа година се вметнати и момчињата до 13 години за задолжителна ХПВ вакцинација. вс/сст/
Фото МИА архива