• четврток, 19 декември 2024

Во Делчево реализирани активности за бесплатна правна помош

Во Делчево реализирани активности за бесплатна правна помош
Делчево, 20 август 2022 (МИА) - Во Делчево реализирани се активности во рамки на проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош", поддржан од ЕУ и Советот на Европа. Националниот консултант на Советот на Европа, Маја Атанасовска информираше дека во рамки на проектот денеска се одржала кратка презентација пред граѓаните на Делчево за законските можности за добивање бесплатна правна помош.   - Активноста ја реализираме заедно со организациите кои даваат бесплатна правна помош на реонот каде што сме, бидејќи одиме во повеќе градови. Се обидуваме на граѓаните да им ја доловиме приказната околу тоа каде и на кој начин можат да добијат бесплатна правна помош. Исто така наша заложба е да добијат совет околу бесплатна правна информација, да добијат помош околу пополнување на одредено барање или доколку имаат потреба од адвокат во судска постапка да им биде објаснета процедурата на кој начин можат да добијат адвокат и да поднесат барање, рече Атанасовска. Активностите, како што посочи, се реализирани со соработка со претставници на невладината „КХАМ" од Делчево како локална организација која помогна во споделувањето на информации до граѓаните. - Овој период зависиме од тоа колку самите граѓани ќе бидат охрабрени и ќе бидат во можност да побараат правна помош, бидејќи подрачните канцеларии и организациите кои се регистрирани да даваат бесплатна правна помош, се тука за на граѓаните да им ја пружат помошта што им следува, додаде Атанасовска. Ги охрабри граѓаните да ги пријавуваат своите проблеми во рамки на подрачните канцеларии во организациите кои се регистрирани за оваа услуга. вс/фф/

Остани поврзан