• петок, 28 јуни 2024

Во Делчево ,,Пробаскет" подобар од ,,Клубски Патриот" во женскиот кошаркарски плеј-оф

Во Делчево ,,Пробаскет

Делчево, 29 март 2023 (МИА) - Екипата на Пробаскет од Кавадарци ја забележа втората победа од плеј-оф натпреварите во Првата женска кошаркарска лига, откако во Делчево  славеа над домашниот тим на „Патриот 2016“ со минимални 67:68.

Кавадарчанки натпреварот го добија во завршните две минути од натпреварот, откако капитенот Јовановиќ, кој беше најдобар поединец кај гостинската екипа ја донесе минималната предност за својот тим, кој беше во негатива во најголем дел од натпреварот. 
 
Тренерот на поразената екипа, Љупчо Петровски и покрај поразот истакна дека е задоволен од постигнатото на своите избранички, кои по завршувањето на Првата Б Лига го освоија првото место. 
 
-Иако се најмлади во Првата Б Лига постигнаа вкупно 15 победи и само еден пораз. На овој натпревар, како и на претходниот во Кавадарци ни недостигаше малку кондиција во завршните моменти. И таму водевме 68:67 на две минути до крајот, загубивме три разлика, еве овде несреќно загубивме со еден поен. Сепак што е тука е, се покажа тоа искуство од Првата А лига за тимот на Пробаскет, рече Петровски.
 
Според тренерот на делчевки, домашната екипата го прикажа најдоброто од себе во изминатите две сезони.
 
-Се на се го дадовме максимумот. Минатата година бевме први во кадетска конкуренција, сега го освоивме првото место во Првата Б Лига. Желбите се едно, можностите друго, ние остануваме да работиме и да ги радуваме делчевчани и во идната сезона, додаде Петровски.
 
Победничкиот тим на Пробаскет, своите натпревари во разигрувањето ќе ги продолжи против екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица. вс/мд/

Остани поврзан