• недела, 30 јуни 2024

Во Делчево одржан Меморијалниот натпревар во спортски риболов на крап

Во Делчево одржан Меморијалниот натпревар во спортски риболов на крап

Делчево, 18 септември 2023 (МИА) - Спортско-риболовното друштво „Брегалница“ од Делчево и годинава го организираше Меморијалниот натпревар во спортски риболов на крап. На настанот учествуваа спортски риболовци од Делчево и околината, а првото место му припадна на Ванчо Стојмирски.

- Спортските риболовци  имаа на располагање две трски дубинки, прихрана со спомб, кобра. Задоволни сме од бројот на пријавени учесници кои ги имаше од повеќе градови, соопшти организаторот. 

Освен за првопласираниот организаторите  доделија награди и за второ и трето место.

-Покрај Ванчо Стојмирски, кој беше најдобар на натпреварот, второ место освои Славчо Попов, додека третото место му припадна на Љупчо Поповски, додадоа од СРД „Брегалница“. 

Меморијалниот натпревар оваа година ке се одржи на езерото Трсино. вс/мд/

 

 

Остани поврзан