• петок, 22 ноември 2024

Во Делчево изложба од 35-тата Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски"

Во Делчево изложба од 35-тата Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски
Делчево, 15 април 2022 (МИА) - Вo Делчево вечерва е отворена изложбата од 35-тата Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски", Крива Паланка. Изложбата е во организација на Националната установа Центар за култура ,„Никола Јонков - Вапцаров", а истата, како што информираше стручниот соработник Александар Белогаски, содржи дела изработени во комбинирани ликовни техники.
-На изложбата учествуваат седум наши роднокрајни автори и двајца странски автори од кои еден автор од соседна Србија и двајца од Украина. Имаме дела во акрил, масло на платно но имаме и инсталација од три скулптури, тирптик што е во склоп на модернизмот, рече Белогаски.
Меѓународната ликовна колонија љубителите на уметноста ќе можат да ја видат во наредните седум дена во фоајето на Спомен дом АСНОМ.
-Изложбата од 35-тата Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски", Крива Паланка инаку е преземена од Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ од Кочани, благодарност за нивната соработка и се надеваме дека ова ќе стане како некоја традиција и во иднина во Делчево да ги презентираме делата и од оваа установа, додаде Белогаски.
Следниот настан што го најавија од од делчевскиот Центар за култура е од музичко-сценската дејност и истиот е предвиден за време на Велигденските празници.вс/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан