• понеделник, 23 декември 2024

Во декември 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Во декември 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство
Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) – Земјава лани во декември вкупно потрошила 852.895 мегават часови електрична енергија, 50,704 милиони нормални кубни метри природен гас, 481.802 тони јаглен и 106.882 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 69,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја. вј/сп/

Остани поврзан