• вторник, 24 декември 2024

Во Дебар приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница

Во Дебар приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
Дебар, 26 јануари 2022 (МИА) - Дебарските полициски службеници привеле албански државјанин баран со меѓународна потерница. - Во одделението за внатрешни работи- Дебар, по насоки на јавен обвинител, приведен и задржан е Б.М.(46) од Република Албанија. Тој се барал по распишана меѓународна потерница од страна на Интерпол, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Тој информираше дека вчера во периодот од 7 до 11 часот на подрачјето на ОВР Дебар извршени се засилени полициски контроли при што полициските службеници санкционирале двајца возачи кои надвор од населено место ја пречекориле дозволената брзина. вт /цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан