• сабота, 06 декември 2025

Во Дебар од 23 до 30 септември ќе се одржи Фестивалот „Албански театар во Македонија“

Во Дебар од 23 до 30 септември ќе се одржи Фестивалот „Албански театар во Македонија“

Дебар, 14 септември 2025 (МИА) - Во НУ Центар за култура Дебар, од 23 до 30 септември ќе се одржи 24 издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.

На оваа манифестација, која редовно се одржува во Дебар, како што информираше за МИА, директорот на фестивалот Илбер Нуредини, пред публиката ќе се претстават театарски куќи од Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Тирана, Прешево и Приштина.

-Фестивалот ќе го отворат членовите на албанската драма при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, со претставата „Грабеж на диамантот” во режија на Ќазмедин Нуредини. Последната вечер пред дебарската публика ќе настапи Национален Театар на Косово - Приштина со “АРТ” во режија на Башким Рамадани. Веднаш потоа предвиден е концерт “Валцери и полки од Штраус” - Квартет предводен од Пламенка Трајковска, по што ќе бидат доделени наградите на најдобрите, рече Нуредини.

Одржувањето на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, како и компании од градот.

-Голема благодарсност до македонското министерство за култура, кое годинава ни додели 1,5 милиони денари, што е двојно поглем износ од минатата година. Од општина Дебар, очекуваме поддршка од 600 илјади денари. Секако, благодарност и до другите донатори, посочи тој.

И во оваа прилика, нагласува Нуредини, сакам да го повторам барањето за институционализирање на фестивалот, што со години наназад го поставуваме, и додава дека очекува конечно тоа да биде реализирано. вт/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан