• вторник, 02 јули 2024

Во Дебарско лани околу 180 бебиња, повеќето родени во болницата во Струга

Во Дебарско лани околу 180 бебиња, повеќето родени во болницата во Струга
Дебар, 12 јануари 2022 (МИА) – Во текот на минатата години во општините Дебар и Центар Жупа на свет дошле околу 180 бебиња, половина од нив во Гинеколошкото одделение во Општата болница во Струга, појава присутна повеќе години на ред. -Во нашето одделение во 2021 година родени се 92 бебиња од дебарското подрачје, од каде пак во изминатите денови од годинава имаме три женски бебиња, изјави за МИА, Крсте Стојаноски, началник на Гинеколошкото одделение во струшката болница. Според бројот на новородени, родилки од ова подрачје избрале да се породат во Општата болница во Охрид, каде според Мимоза Влаши, началничка на Гинеколошкото одделение родени се 43 бебиња. Во Гинеколошкото одделение во дебарската општа болница со проширена дејност, која со здравствена заштита ги покрива двете општини, бебешки плач се слуша се помалку. -Минатата година во нашето одделение родени се 20 бебиња. Првото новородено бебе во Новата 2022 година е машко, што се смета за добар знак за бериќетна година, рече за МИА, Баки Алили, директор на болницата. Дел од дебарските родилки, како и изминатите години се породиле во клиниките во Скопје, каде светлото на денот за првпат го виделе дваесеттина бебиња.вт/ир

Остани поврзан