• вторник, 24 декември 2024

Во Грција ќе се разгледа можноста за укинување на задолжителната употреба на маска на отворено

Во Грција ќе се разгледа можноста за укинување на задолжителната употреба на маска на отворено
Атина, 22 јуни 2021 (МИА) – Надеж дека е блиску моментот кога ќе се укине задолжителната употреба на маска на отворено во Грција изрази портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Пелони истакна дека во секој случај тоа е одлука што треба да ја донесат епидемиолозите, кои ќе ги разгледаат сите епидемиолошки податоци, а во текот на оваа седмица ќе одржат состанок. Во однос на епидемиолошката ситуација во Грција, рече дека „продолжува да се подобрува, а здравствениот систем се враќа во нормала“, но и дека вирусот и понатаму е опасност за оние кои не се вакцинирани. ср/ми/

Остани поврзан