• сабота, 23 ноември 2024

Во Грција потврдени првите случаи на варијантата Делта плус

Во Грција потврдени првите случаи на варијантата Делта плус
Атина, 29 октомври 2021 (МИА) – Од 384 потврдени случаи на Делта сојот во Грција за периодот од 29 септември до 18 октомври, два се однесуваат на варијантата Делта плус, што воедно се и првите потврдени случаи на оваа мутација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција во седмичниот извештај за мутациите во земјата, соопштуваат дека два од делта случаите се однесуваат на варијантата ΑΥ.4.2 и се регистрирани во централното и јужното подрачје на Атина. Според светските медиуми, Делта плус сојот го има во Велика Британија, а мал број случаи се регистрирани и во Данска, Германија, САД, Израел и Русија. Во понеделникот, Министерството за здравство на Кипар соопшти дека и на островот се потврдени првите два случаи на Делта плус. ср/сд/

Остани поврзан