• понеделник, 23 декември 2024

Во Гостивар од утре покрај храна ќе се купува и кафе за носење

Во Гостивар од утре покрај храна ќе се купува и кафе за носење
Гостивар, 30 април (МИА) - Во Гостивар од утре покрај храна ќе се купува кафе за носење, а угостителските објекти ќе работат со шалтерска продажба, најави градоначалникот Арбен Таравари, нагласувајќи дека предлогот на меѓуопштинскиот штаб на Гостивар бил одобрен од централниот штаб. Услугата ќе се базира на принципот „земи-носи“. - Добив информација дека нашиот предлог е прифатен од Централниот кризен штаб. Па така покрај храна, по принцип „земи и оди“ да се продава и кафе. Одлуката ќе почне да се спроведува од утре и во рамки на ограниченото време и вон полициски час, изјави Таравари за медиумите. Тој исто така најави дека следната недела, во својство на претседател на Меѓуопштинскиот кризен штаб - Гостивар, ќе предложи и други олеснувања до централниот штаб, со кои ќе се овозможи во угостителските објекти да вршат послужување, но притоа да се обезбеди физичко растојание од минимум 2 метри, а на една маса да седат мксимум по две лица. Таравари оцени дека состојбата со пандемијата во Гостивар е стабилна и упати апел со олеснувањата на рестриктивните мерки граѓаните да ја зголемат свеста, но и одоговорноста за почитување на мерките и препораките.згм/бт/

Остани поврзан