• петок, 28 јуни 2024

Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа во прва година предвидената квота пополнета 36 односно 10,2 отсто

Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа во прва година предвидената квота пополнета 36 односно 10,2 отсто

Дебар, 23 август 2023 (МИА) - Во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, по двата уписни рока, предвидената квота на ученици во прва година пополнета е за 36 односно 10,2 отсто.

- За новата 2023/24 учебна година, во прва година предвидената квота за упис е 272 завршени основци, односно осум паралелеки, три со настава на македонски и пет на албански наставен јазик. Во двата уписни рока запишани се 100 ученици. Од нив, 20 за настава на македонски, од предвидените 102 и 80 на албански наставен јазик, од предвидените 170 ученички места, изјави за МИА, професорката Афрона Леши, одговорна за упис.

Во гимназијата „АТА“ во општина Центар Жупа во прва година запишани се само 15 ученици, што е 10,2 отсто од предвидената квота.

- Според Конкурсот на министерството за образование и наука во прва година за учебната 2023/ 2024 година предвидено беше да се запишат 68 ученици во две паралелки, по една со настава на македонски и на турски наставен јазик. Во двата уписни рока запишани се 15 од нив пет за паралелката на македонски и 10 на турски наставен јазик, изјави за МИА Сабри Асан, директор на гимназијата.

Гледано одделено, а споредено со минатата учебна година, во дебарската гимназија бројот на запишаните до денес е помал за 66 , додека во гимазијата во Центар Жупа за пет ученици.

Со години на ред предвидената бројка не се пополнува, за што главна причина е масовната миграција, а тука секако и определбата на дел од завршените основци школувањето да го продолжат во некое средно стручно училиште во земјава. вт/цр

 Фото: МИА

 

Остани поврзан