• сабота, 17 август 2024

Во Германија се стравува од нов обид за саботажа во близина на воена база

Во Германија се стравува од нов обид за саботажа во близина на воена база

Берлин, 16 август 2024 (МИА) - Во Германија повторно е прогласен аларм во врска со наводното намерно загадување на водата за пиење во близина на касарна, по сличен случај пред два дена, соопштија локалните власти, цитирани од француските медиуми.

Општина Мехерних, во близина на западниот град Келн, пријави неовластено влегување во објект за пречистување и снабдување со вода за пиење. Пресечена е оградата околу системот за третман на вода. Објектот има аларм, но тој не е вклучен.

Локалната власт забележа дека многу блиску има база на Бундесверот, која се напојува од таму.

-Поради нерегулиран влез во водоводната постројка на градот Мехерних, можно е водата за пиење да е контаминирана и опасна по здравјето, се вели во соопштението на општинската администрација и градската здравствена служба.

Се повикуваат луѓето да не ја користат водата за пиење или капење, „со оглед на настаните што се случија во базата на Бундесверот во Келн“.

Во средата се стравуваше од саботажа во две воени бази во земјата - едната на воздухопловните сили во Келн, од каде се обезбедува воена поддршка на Украина, а другата на НАТО. Во онаа во Келн е откриена и дупка во оградата на инсталацијата за вода за пиење. Досега проверките не потврдуваат контаминација на водата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан