• петок, 22 ноември 2024

Во Германија намален бројот на заинтересирани за обука за медицински сестри

Во Германија намален бројот на заинтересирани за обука за медицински сестри

Берлин, 27 јули 2023 (МИА) - Намален е бројот на Германци кои во текот на минатата година се пријавиле за обука за „медицинска сестра“. Ова е загрижувачки тренд за Германија, земја со стареење на населението, која веќе има недостиг од здравствени работници, јави ДПА, повикувајќи се на најновиот извештај на оваа тема на Федералниот завод за статистика Дестатис.

Околу 52.100 жители на Германија започнале курсеви за медицински сестри во 2022 година или 7 отсто помалку отколку во 2021 година.

Генерално, жените го сочинуваат мнозинството (74 проценти) од студентите за медицински сестри во земјата. Оваа професија во Германија привлекува и постари луѓе кои сакаат да ја променат кариерата: 11 отсто од заинтересираните се на возраст меѓу 30 и 40 години, додека 7 отсто се над 40 години.

Се очекува Германија да има потреба од значително повеќе медицински сестри во наредните години. Во март, Дестатис предвиде дека бројот на стари лица на кои им е потребна грижа во Германија ќе се зголеми за 37 отсто до 2055 година. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан