• петок, 05 декември 2025

Во Газа влегоа 93 камиони со хуманитарна помош на ОН

Во Газа влегоа 93 камиони со хуманитарна помош на ОН

Teл Авив, 20 мај 2025 (МИА)  -   Израелските власти денеска објавија дека 93 камиони со хуманитарна помош на ОН влегле во опколениот и од војна разорен палестински Појас Газа.

Министерството за одбрана соопшти дека е испорачано брашно за пекари, храна за бебиња, медицински материјали и лекови.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека по два и пол месеци блокада на Газа поради меѓународен притисок, ќе дозволи влез на мал број камиони со хуманитарна помош. зш/

Остани поврзан