• сабота, 21 декември 2024

Во вториот квартл намалена за една третина добивката на „Кока-Кола“

Во вториот квартл  намалена за една третина добивката на „Кока-Кола“
Вашингтон, 21 јули 2020 (МИА) - Компанијата „Кока-кола“ денеска соопшти дека во вториот квартл има пад на добивката за 33 отсто по акција на годишно ниво, но оти е регистрирано подобрување на побарувачката по ублажувањето на рестриктивните мерки во светот воведени поради пандемијата со Ковид-19. Нето заработката на „Кока-кола“ во второто фискално тримесечје изнесуваше 1,78 милијарди долари или 41 цент по акција, што е пад во однос на 2,61 милијарди долари или 61 цент по акција во истиот период во 2019 година. Во вториот квартл нето продажбата на „Кока-кола“ е намалена за 28 проценти на 7,2 милијарди долари. ми/

Остани поврзан