• понеделник, 08 јули 2024

Во Врање досега се вакцинирани 10.390 македонски граѓани со прва доза и 4.179 се ревакцинирани

Во Врање досега се вакцинирани 10.390 македонски граѓани со прва доза и 4.179 се ревакцинирани
Белград, 4 јули 2021 (МИА) – Во Врање досега со првата доза вакцинирани се 10.390 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 4.179 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград. Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини изнесува 68.548. Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27.291, бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 10.390, додека бројот на вакцинирани граѓани на Република Босна и Херцеговина е пет граѓани. Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со втора доза е 26.678, бројот на граѓани на Република Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 4.179 и пет државјани на Република Босна и Херцеговина. Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, додека помал број ја добиле вакцината на Фајзер. об/мд/

Остани поврзан