• петок, 22 ноември 2024

Во Вратница поставен споменик како обележје за борбата да не дозволи градење на хидроцентрали

Во Вратница поставен споменик како обележје за борбата да не дозволи градење на хидроцентрали

Тетово, 8 ноември 2020 (МИА) - Денеска е откриено спомен обележје кај реката Раќита близу тетовска Вратница како симбол на спротиставувањето на населението на обидот за градење на хидроцентрали како и во чест на 64 годишниот Душко Златевски кој почина во 2019 година додека бил на блокадите. Споменикот е изработен во текот на изминатата година со иницијатива и поддршка на месните заедници од Вратница, Старо село, Орашје како и иселеници од САД.

Од месната заедница посочуваат дека обележјето е поставено и како симбол на борбата за егзистенција на овој крај и зачување на нивната природна околина.

-Од 2013 до 2019 година жителите и иселениците од овој крај решително се спротиставија на изградбата на хидроцентрали на Вратничка река. Во таа борба згасна животот на Душко Златевски-Шаро, за да може да Раќита да тече кога кога е мирна и бистра и кога е матна и бујан. Твојот пример нека служи како патоказ за идните генерации. Не беше залудно, стои на спомен плочата.

Душко Златевски е починат на 18 ноември, а откривањето на обележјето е направено денес кога се одржал и помен парастос. Приватни фирми го обезбедиле и донирале целокупниот материјал.

Населението на Вратница, Орашје и Старо село се спротиставуваа на изградбата на хидроцентрали аргументирајќи дека штетата е поголема од придобивката од вакви објекти и дека се прави трајно уништување на природата и ресурсите. ас/нд/

Остани поврзан