• петок, 22 ноември 2024

Во Велика Британија откриен сој на мпокс што полесно се шири меѓу луѓето

Во Велика Британија откриен сој на мпокс што полесно се шири меѓу луѓето

Лондон, 30 октомври 2024 (МИА) - Во Велика Британија е откриен еден случај на мајмунски сипаници (мпокс), а тоа е сојот 1Б, кој полесно се шири меѓу луѓето во споредба со оригиналниот вид, јави денеска Би-Би-Си.

Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба во Африка поради големи сипаници.

Пациент од Велика Британија неодамна бил на одмор во Африка и почнал да се чувствува лошо 24 часа по враќањето. На 21 октомври му се појавиле симптоми слични на грип, а осипот се појавил три дена подоцна.

Пациентот се лекува во специјалистичка инфективна единица во Кралската болница во Лондон.

Случаи на 1Б мпокс се пријавени во ДР Конго, Кенија, Бурунди и Руанда. Се следи состојбата на лицата кои биле во контакт со заразените, а се претпоставува дека има помалку од 10 лица.

„Ова е првпат да го откриеме овој вид на мпокс во Обединетото Кралство, иако други случаи се потврдени во странство. Ризикот за населението во Обединетото Кралство останува низок, а ние работиме брзо на следење блиски контакти за да го намалиме ризикот од ширење“, рече професорката Сузан Хопкинс, главен медицински советник на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА). паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан