• петок, 22 ноември 2024

Во Велес отворена сметка за финансиска помош на отпуштени од работа поради Ковид 19

Во Велес отворена сметка за финансиска помош на отпуштени од работа поради Ковид 19
Велес, 27 март 2020 (МИА) - Општина Велес денеска излезе со информација до сите општествено одговорни компании, правни и физички лица дека можат да извршат уплата на парични средства кои наменски ќе се искористат за доделување на финансиска помош на семејства, односно поединци, кои ја изгубиле својата работа како последица на настанатата ситуација со Ковид 19. Средствата ќе се распределуваат преку сметка на ОО Црвен крст – Велес, од страна на посебно формирана Комисија која со јасни и определени критериуми ќе врши распределба на донираните средства. Број на сметка: 200000001663445 Цел на дознака: ПОМОШ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА (COVID-19) Депонент: Стопанска банка Примач: Општинска организација на Црвен крст, Велес Воедно можноста за донација на сите заинтересирани физички и правни лица, општествено одговорни компании и други, се однесува и на донирање храна (конзервирана, пакувана, со подолг рок на траење). Тие информираат дека Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски”, Велес е одреден за пункт за собирање на овие продукти. Донираната храна ќе биде дистрибуирана преку утврдени податоци од страна на Центарот за социјални работи, во соработка со  волонтерите на Црвен крст-Велес и мобилните општински тимови. Телефон преку кој може да се оствари контакт во врска со донацијата: 078 254 729. ад/ир

Остани поврзан