Во Велес одѕив од 3,16 проценти до 9 часот
- До 9 часот на избирачките места во општина Велес гласале 1416 гласачи или 3,16 проценти од вкупниот број.
Велес, 19 октомври 2025 (МИА) - До 9 часот на избирачките места во општина Велес гласале 1416 гласачи или 3,16 проценти од вкупниот број.
Во Велес сите 84 избирачки места беа отворени навреме во 7 часот.
Како што инфорирааше за МИА од ОИК Велес, Ребека Бајдевска Ѓошева, гласањето се одвива неппречено на сите избирачки места.
На првиот круг од локалните избори 2025 во Општина Велес можат да гласаат 44 850 гласачи.ад/лв/
фото: МИА