• вторник, 24 декември 2024

Во Велес запален контејнер за смет

Во Велес запален контејнер за смет
Велес,11 ноември 2022 (МИА)  - Во Градскиот парк во Велес попладнево гореше контејнер за смет. Пожарот бил пријавен  во 12:55 часот, а изгаснат во 13:20 часот од тројца пожарникари,  информираат за МИА, од Територијалната противпожарна единица во Велес. Оттаму велат дека пред неколку дена интервенирале во гасењето на запален подземен контејнер за смет лоциран наспроти главната Градска Пошта. Според ЈКП„Дервен“ направена е голема, бидејќи се скапи внатрешните вреќи за складирање на смет.

Од ЈКП„Дервен“ и ТППЕ Велес апелираат до граѓаните да не ги палат контејнерите бидејќи со тоа предизвикуваат голема штета, а воедно ја загадуваат и животната средина. Тие апелираат до граѓаните да не ја фрлаат недоизгаснатата  жар од своите домашни огништа во контејнерите, затоа што на тој начин често предизвикуваат пожари на контејнерите за смет. ад/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан