• петок, 22 ноември 2024

Во Велес во новата година родени две женски бебиња

Во Велес во новата година родени две женски бебиња
Велес, 1 јануари 2022 (МИА) - На Гениколошко-акушерското одделение во велешката Општа болница  синоќа по полноќ се родени две женски бебиња. Првото во 12:05 е од мајка Стефани Тасевска 23 години од Велес, тешко е 3,320 грама и долго 51 сантиметар. Подорувањето на прворотката бил нормален и мајката и бебето се чувствуваат одлично изјави за МИА, прим д-р Атанас Василев кој ги породил бебињата. Второто бебе, исто така, женско е родено во 14 минути по полоќ од мајка Мејрем Муртезани 25 години од село Горно Оризари, тешко е 4,170 грама и долго 53 сантиметри. На родилката ова и е второ дете. И мајката и бебето се чувствуваат одлично, изјави прим д-р Василев. Инаку лани првото бебе се роди на 3 јануари и тоа во домашни услови. Во велешката болница прво бебе на 1 јануари последен пат се роди во 2017 година, и ова е повторно по пет години. Инаку точно на пладне Гениколошко-акушерското одделение го посети градоначалникот Марко Колев и им врачи пригодни подароци на родилките, а потоа се сретна со тимот од ова одделение им ги честита празниците и им посака успешна работа. Инаку лани на Гениколошко-акушерското одделение се родиле 396 бебиња, што е помалку за 16 споредено со 2020 кога биле 412. Факте е дека наталитетот во Велес и велешко секоја година и дека во 2019 се родиле 473 бебиња, во 2018 - 505, во 2017 - 649, во 2016 - 651 бебе. Освен од Велес и велешко тука се пораѓаат и жени од Општините Градско, Чашка, Лозово како  од Кавадарци, Неготино и Свети Николе. ад/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан