• петок, 22 ноември 2024

Во бугарскиот Парламент влез само со зелен сертификат 

Во бугарскиот Парламент влез само со зелен сертификат 
Софија, 7 јануари 2022 (МИА) - Од 24 јануари во зградата на Народното собрание во Бугарија ќе се влегува со „зелен сертификат“ или негативен тест, јави дописникот на МИА од Софија. Одлуката ја поддржаа „Продолжуваме со промената“, ГЕРБ-СДС, ДПС, БСП и „Демократска Бугарија“. „Има таков народ“ и „Преродба“ не учествуваа во гласањето. „За“ гласаа 153 пратеници, немаше „против“ и  воздржани четири од вкупно 240. Брзите антигенски тестови ќе ги плаќаат само пратениците и нивните соработници, за сите останати вработени, а за претставниците на медиумите ќе се плаќа од буџетот на Народното собрание. Партијата „Преродба“ најави дека свикуваат протест на 12 јануари пред Народното собрание во Софија. Правната комисија на бугарскиот Парламент вчера го поддржа предлогот за „зелен сертификат“ и тестирањето да се воведе од 24 јануари. нк/паг/  

Остани поврзан