• понеделник, 23 декември 2024

Во Бугарија малите ученици се враќаат на училиште на 12 април

Во Бугарија малите ученици се враќаат на училиште на 12 април
Софија, 8 април 2021 (МИА) - Учениците од 1 до 4 одделение во Бугарија се враќаат на училиште на 12 април. Останатите од 5 до 12 одделение ќе продолжат да се враќаат наизменично според распоред, а студентите - само за практична настава, најави министерот за образование на Бугарија, Красимир Валчев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, подготвениот распоред предвидува враќање на учениците од 7, 8 и 10 одделение во училниците од 12 април за две недели. Од 26 април, ако епидемиската состојба во Бугарија дозволи, учениците од 5, 9 и 12 одделение ќе се вратат на училиште. Тие ќе учат со физичко присуство до 14 мај. Рокот е три недели, бидејќи имаше многу празници поврзани со Велигден, објасни бугарскиот министер за образование Валчев. Учениците од 6, 7 и 11 одделение треба да се вратат на училиште на 17 мај, под услов епидемиолошката ситуација да биде добра. нк/

Остани поврзан