• четврток, 19 декември 2024

Во Британија задутре почнува испитување на вакцина против Ковид-19 врз луѓе

Во Британија задутре почнува испитување на вакцина против Ковид-19 врз луѓе
Лондон, 21 април 2020 (МИА) – Британската Влада „вложува сè“ за развој на вакцина против коронавирусот, изјави денеска министерот за Мет Хенкок. На дневниот брифинг во Даунинг стрит тој изјави дека во четврток ќе почнат испитувањата врз луѓе на вакцина против коронавирусот, која ја развил Универзитетот во Оксфорд. Хенкок, исто така, се осврна и на недостигот на заштитна опрема во здравството, истакнувајќи дека Владата разговарала со илјадници добавувачи, но сите не можеле да испорачаат. Во меѓувреме, Велика Британија регистрира уште 823 смртни случаи од коронавирусот во болници, со што вкупниот број на жртви достигна 17.337. јт/

Остани поврзан