• сабота, 21 декември 2024

Во Бразил се урна патнички авион со 62 патници

Во Бразил се урна патнички авион со 62 патници

Сао Паоло, 9 август 2024 (МИА) - Патнички авион се урна денеска во јужната бразилска држава Сао Паоло, јавија американските медиуми, повикувајќи се на локални медиуми. Во авионот, како што соопшти бразилската компанија „VoePass“, се превезувале 58 патници и четворица членови на екипажот.

Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винедо, но не соопштија повеќе детали. На местото на несреќата се испратени противпожарни екипи.

На настанот во јужен Бразил на кој присуствуваше, претседателот Луис Инасио Лула да Силва ја замоли публиката да застане и да одржи минута молчење. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан