• среда, 25 септември 2024

Во близина на Тајван забележани 33 кинески воени авиони и седум бродови

Во близина на Тајван забележани 33 кинески воени авиони и седум бродови

Тајпеј, 27 јануари 2024 (МИА) - Тајван во последните 24 часа забележал 33 кинески воени авиони и седум бродови во непосредна близина, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана.

Два кинески балона се забележани на небото над Тајванскиот теснец.

Неофицијалната демаркациска линија меѓу Кина и Тајван ја поминале 13 авиони.

Тајванските власти речиси секојдневно пријавуваат упади авиони и бродови на кинеската војска.

Кина го смета Тајван за своја територија. паг/

Фото: Пиксабеј


  

Остани поврзан